ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Од:

Необична сцена посведочија навивачите на натпреварот од италијанската Серија Ц, третолигаш на италијанскиот фудбал, каде се сретнаа Триестина и Џана Ерминио.

Триестина, некогашниот член на Серија А, тоне се подлабоко и го загуби овој натпревар со резултат 1:0, а се поради тоа што од 34. минута играше со играч помалку.

Тогаш црвен картон доби Летонецот Рајмондс Кролис, а тренерот на Триестина Пеп Клоте целосно полуде поради неговиот непромислен потег.
Клотет се нафрли на Кролис додека тој го напушташе теренот, во налет на бес го фати за дресот и го тресеше десет секунди. Летонецот не одговори и само чекаше тренерот да го заврши тоа што го планираше, а потоа отиде во соблекувалната.

Триестина е последнопласираната екипа на табелата во Серија Ц со само шест бодови од 14 одиграни натпревари и извесно е дека ќе испадне во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал.

Овој клуб играше во Серија А во шеесетите години на минатиот век, по што следеа големи проблеми, па дури и гаснење и повторно формирање на клубот под ново име.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“