На НАСКАР Њујорк ноќеска се случи несреќа во која животот го загуби Кевин Ворд јуниор. Загинатиот беше удрен од возилото управувано од Тони Стјуарт.
– Голема несреќа се случи во текот на спринт трката. Стјуарт не е повреден, но неговиот колега го загуби животот. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите на Ворд, се наведува во соопштението на Стујарт-Хас Рејсинг тимот за кој возеше настраданиот.
Трагедијата се случи кога Ворд излезе од своето возило на патеката, а Стјуарт налета на него. Ворд претходно излета од патеката по сударот со Стујарт.
Од полицијата во Онтарио го потврдија инцидентот.
– Ворд, 45 минути по несреќата во болница беше прогласен за мртов. Стјуарт не е уапсен, тој соработува со нас и согласен е да учествува во истрагата, изјави локалниот шериф.