Легендарната скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад во можеби последна трка во кариерата. 34-годишната Американка закачи врата и падна многу лошо, откако се удри во заштитните мрежи на почетокот на трката во супер-џи од Светскиот шампионат во алпско скијање во Оре (Шведска).
— Joe Johnsen (@AbsoluteZero10) February 5, 2019
Вон изјави пред почетокот на шампионатот дека по завршувањето на Светското ќе се повлече од професионалниот спорт.
Lindsey Vonn in devastating high-speed crash in last ever Super G racehttps://t.co/UgOs2OFtqY pic.twitter.com/jy9pSc0ZBP
— Mirror Sport (@MirrorSport) February 5, 2019
Вон, која има проблеми со повредите во последниве години, успеа да се исправи на нозе, но се уште не е јасно каква точно е нејзината состојба. Ветеранката се очекува да се натпреварува и во спуст, но по ова паѓање нејзиното учество е прашање.
WM-Super-G: Ski-Ass Lindsey Vonn schwer gestürzt https://t.co/AGZuq4q1WG pic.twitter.com/82SE7lBmPJ
— Stuttgarter Zeitung (@StZ_NEWS) February 5, 2019