(ВИДЕО) Светскиот шампион Мерцедес го претстави новиот болид

Од:

Актуелниот светски шампион, тимот на Мерцедес денеска го презентираше својот нов болид за престојната сезона во Формула 1 на патеката Силверсотун.

Луис Хамилтон го возеше новиот W08 EQ Power+ на патеката во Велика Британија, пред официјално да биде претставен за медиумите.

Новиот болид е поширок и понизок од неговиот претходник и има потесен заден спојлер. За разлика од досега претставените болиди и перката над моторот е доста пократка и помала.

„Во поглед на релативните перформанси, јасно е дека секоја промена на правилата носи ново ресетирање на ситуацијата, но и нови можности“ изјави Тото Волф, директор на Мерцедес Бенз Мотоспорт.

„Сега мора да останеме скромни и на земја. Се уште не сме се тркале со новите правила и имаме исто поени колку и останатите: нула“ додаде тој.

„Целиот тим е многу возбуден и нетрпелив. Креирањето на новиот болид беше вистински предизвик и сите беа мотивирани при изработката“ заклучи Волф.

Задржани се само 17 отсто од компонентите од минатогодишниот болид, а забележани се промени во сите делови од автомобилот.

„Мислам дека е извондреден. Ова е најдобрата машина што ја имам видено досега во Формула 1“ изјави Луис Хамилтон по возењето на првите кругови со новиот болид.

Оваа сезона колега на Хамилтон во тимот на Мерцедес ќе биде Валтери Ботас, кој се приклучи на тимот по пензионирањето на Нико Розберг.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес