Австрискиот скијач Макс Франц, се повреди во текот на супервелеслаломската трка од Светскиот куп, возена во Бивер Крик во САД, откако удри во капија и заработи скршен нос и потрес на мозокот.
Сепак и покрај тоа што ситуацијата изгледаше непријатно, од Австриската скијачка федерација соопштија дека Франц е надвор од животна опасност.
„Макс Франц од ударот во капијата заработи тежок потрес на мозокот, скршен му е и носот, а има и неколку гребаници и модринки по телото. Затоа ноќта мораше да ја мине во болница“, стои во соопштението на Австријците.