(ВИДЕО) Страотна сообраќајка во Истанбул: Кошаркар на Ефес имаше неверојатна среќа

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Истанбул откако контејнер од камион падна врз автомобилот на кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон, за среќа тој мина без посериозни повреди.

Возачот на камионот закочил откако видел дека на надвозникот под кој поминувал пишувало дека е за до висина од четири метри. Кога закочил, контејнерот кој го носел паднал врз автомобилот на кошаркарот Данстон кој бил зад него.

Поради оштетувањата на автомобилот, играчот на Ефес со многу мака бил изваден од задниот дел на возилото, веднаш бил пренесен во болница, но за среќа нема посериозни повреди. Има само мали повреди на раката, но состојбата му е стабилна.

„Минувавме под еден надвозник, се зачудив кога видов дека висината е четири метри и морав да закочам. Зад нас беше автомобил, контејнерот кој го носев падна врз него“, изјави возачот на камионот за несреќата.

Анадолу Ефен на социјалните мрежи објави за несреќата информирајќи дека Данстон е на опсервација во болница.

Би можело да ве интересира

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Приведен градоначалникот на Истанбул

А1он

Во Истанбул за месец и пол умреле 37 лица од лажен алкохол

А1он

Во близина на Истанбул е откриен дрон полн со експлозив