Поранешниот пилот на Ред Бул во Формула 1, Австралиецот Марк Вебер имаше страотен судир на последната трка од Ворлд ендуранс шампионатот (ВЕЦ), но за среќа остана при свест.
Со своето Порше, тој се судри во Ферарито на Матео Кресони и во повеќе бариери на патеката во Сао Пауло.
Задниот дел на болидот беше целосно уништен, но кокпитот остана целосно здрав.
Вебер на носилки и со стабилизиран врат беше пренесен во амбулантата, а беше потврдено дека тој е свесен и „ОК“.
Кресони се потпре на ѕидот по инцидентот, но не беше повреден.