ВИДЕО: Србија ја победи Франција за финале на СП во кошарка

Од:

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласира во финалето на Светското првенство во Шпанија откако синоќа во полуфиналниот натпревар го победи европскиот првак Франција со 90:85.

Србите предводени од Милош Теодосиќ имаа предност во текот на целиот натпревар. На полувреме водеа со 14 поени разлика (46:32).

Французите во третиот и четвртиот период успеаја да ја намалат предноста, но не и да направат пресврт.  На неколку секунди пред крајот се доближија на три коша разлика 88:85, но Бјелица, а потоа и Симоновиќ од слободни фрлања ја потврдија победата на Србија и пласманот во финалето каде ќе ги одмерат силите со актуелниот светки првак САД.

Најефикасен во српската селекција беше Теодосиќ со 24 поени, а кај Французите Батум со 35 коша.

Финалниот натпревар на Светското првенство меѓу САД и Србија се игра во Мадрид в недела од 21 часот.

srbijaFinaleMundo5 srbijaFinaleMundo4 srbijaFinaleMundo2 srbijaFinaleMundo1 srbijaFinaleMundo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот