Кошаркарската репрезентација на Србија се пласира во финалето на Светското првенство во Шпанија откако синоќа во полуфиналниот натпревар го победи европскиот првак Франција со 90:85.
Србите предводени од Милош Теодосиќ имаа предност во текот на целиот натпревар. На полувреме водеа со 14 поени разлика (46:32).
Французите во третиот и четвртиот период успеаја да ја намалат предноста, но не и да направат пресврт. На неколку секунди пред крајот се доближија на три коша разлика 88:85, но Бјелица, а потоа и Симоновиќ од слободни фрлања ја потврдија победата на Србија и пласманот во финалето каде ќе ги одмерат силите со актуелниот светки првак САД.
Најефикасен во српската селекција беше Теодосиќ со 24 поени, а кај Французите Батум со 35 коша.
Финалниот натпревар на Светското првенство меѓу САД и Србија се игра во Мадрид в недела од 21 часот.