Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го претстави Килијан Мбапе како најдобриот играч во светот, на кого конечно му се исполнува сонот да заигра за „кралскиот клуб“. Тој најпрво ја поздрави Шпанија за триумфот на ЕВРО 2024.
„Пред сè, сакам да го поздравам шпанскиот национален тим за победата на Европското првенство“, започна Перез.
Cristiano Ronaldo in 2009:
‘Uno, dos, tres… Hala Madrid!"Kylian Mbappé today:
🗣️🤍
(via @lachainelequipe)pic.twitter.com/q4FBxb8ZKZ
— B/R Football (@brfootball) July 16, 2024
„Навивачи на Реал, многу сме среќни што повторно ќе можеме да ги претставиме нашите големи трансфери на „Бернабеу“. Овој клуб е универзален. Најомилениот во светот. Сите наши навивачи се обединети благодарение на љубовта кон тимот. Сите ние ги споделуваме истите вредности. Секогаш треба да ги следиме нашите вредности, нашите легенди како Ди Стефано, Џенто, Копа, Сантамарија – сите тие го создадоа Реал Мадрид“, додаде тој.
„Драг Килијан, добредојде дома. Честитки за остварувањето на твојот сон“, Флорентино изјави Перез.
Трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беа исполнети до последното место, преку 85.000 фанови ја поздравија најновата ѕвезда на Реал Мадрид.
„Сонот станува реалност. Овој момент го чекав долго и драго ми е што сум тука, сакам да ги поздравам сите навивачи на клубот, се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу титули. Ова е најголемиот клуб во светот и неизмерна е честа да се носи овој дрес“, изјави Мбапе бакнувајќи го грбот на Реал Мадрид.