ВИДЕО: Спектакл со 290 поени по две продолженија приредија Хјустон и ЛА Лејкерс

Од:

Екипите на Хјустон Рокетс и на Лос Анџелес Лејкерс на новогодишната ноќ во „Тојота Центарот“ во Хјустон, одиграа натпревар со 290 поени.

Победија домаќините со 148:142, по две продолженија, откако основните 48 минути завршија нерешено 122:122, а по првите пет дополнителни минути беше 133:133..

Џејмс Харден заврши со дабл-дабл ефект (40 поени и 11 асистенции) го предводеше Хјустон до триумфот.

Најефикасен во тимот од Лос Анџелес беше Рендл со 29 поени, при тоа забележа и 15 скока.

Хјустон е второ во пласманот на Западната конференција од НБА лигата со биланс 26-9 (победи-порази), додека Лејкерси се последни со ефект 11-24.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот