ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Од:

Последна вест која пристигнува од Колумбија во врска со киднапирањето на родителите на фудбалерот од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Дијаз, е дека двајцата се на слобода.

Според тамошните информации, полицијата прво ја ослободила мајката Силенис Маруланда, а потоа и таткото Луис Мануел Дијаз. Двајцата родители на Дијаз се спасени откако полицијата успеала да ги лоцира киднаперите и да ги ликвидира.

Според колумбиските медиуми, киднаперите биле на мотор кога насилно го запреле автомобилот во кој биле Луис Мануел Дијаз и Силенис Маруланда, влегле во него и потоа заминале во непознат правец. Киднапирањето е извршено во родниот град на Дијаз, Баранкас во Колумбија.

Во акцијата за ослободување на родителите на Дијаз биле убиене двете лица кои го извршиле киднапирањето со цел да изнудат пари од фудбалерот на Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

Тренерот на Ливерпул нема дилема: Нотингем Форест е еден од претендентите за титулата

А1он

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го победија Вест Хем во 19. коло од Премиер лигата