Репрезентацијата на Словачка ја победи Данска со 3:0 синоќа во пријателски натпревар одигран во Трнава. Овој дуел го привлече вниманието на јавноста поради штрајкот на данските А репрезентативци. Данска настапи со играчи од ниските лиги и од футсал екипи.
Домаќинот не играше со полн интензитет, а повеќето од стандардните фудбалери беа сменети во текот на натпреварот.
Данскиот фудбалски сојуз се одлучи да игра со аматерски состав со цел да избегне казна од УЕФА во случај да го откаже мечот.
Скандинавската репрезентација на 9 септември ја очекува дуел со Велс на домашен терен во Лига на Нации. Доколку не се реши дотогаш спорот со професионалните фудбалери, и на тој дуел Данците ќе играат со аматерски состав.