(ВИДЕО) Скандал во Токио: Белорусинка не сака да си оди во нејзината земја, бара азил

Од:

Белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја го повика Интернационалниот олимписки комитет да се вклучи во нејзиниот случај откако како што тврди била отстранета од националниот тим и насила одведена на аеродромот во Токио само затоа што ги критикувала тренерите во репрезентацијата.

„Барам помош од Интернационалниот олимписки комитетет. Ми прават притисок. Се обидуваат да ме извлечат од земјата без моја дозвола. Барам да се вклучи ИОК“ – вели атлетичарката во видео објавено на каналот на Телеграм на Белоруската фондација за солидарност во спортот.

Во видеото таа објаснува дека и рекле да се спакува и дека е исфрлена од тимот затоа што на Инстаграм зборувала за негрижата на тренерите.

„Тренерот ми рече дека дошла наредба „од горе“ да бидам исфрлена од тимот“ – вели спринтерката и додава дека барала од белоруската дијаспора во Токио да и помогне.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на Твитер објави соопштение за ситуацијата со белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја.

– Вечерва, ИОК и организаторите на Олимпијадата во Токио разговараа директно со Кристина Тимановскаја. Таа сега е на аеродромот Ханеда со властите, придружувана од претставник на персоналот во Токио 2020. Ни кажа дека се чувствува безбедна. ИОК и Токио 2020 ќе продолжат да комуницираат со Кристина Тимановскаја и властите за да ги одредат следните чекори, соопштија од ИОК.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад