ВИДЕО: Сан Антонио поуспешен од Оклахома Сити во дербито на „Западот“

Од:

Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска остварија победа во дуелот на двете првопласирани екипи од Западната конфренеција совладувајќи ја Оклахома Сити.

Дури шест играчи на Сан Антонио „запишаа“ двоцифрен број поени, а предводник беше Тиаго Сплитер со 21 поен.

Убедлив триумф постигна Голден Стејт, кој успеа Њујорк да го задржи на 63 поени, а единствената гостинска победа ја постигна Денвер.

Резултати од ноќешните натпревари во НБА лигата: Филаделфија – Бруклин 106:97, Сан Антонио – Оклахома Сити 105:93, Јута – Детроит 103:90, Феникс – Денвер 93:108 и Голден Стејт – Њујорк 92:63.

Двојки за вечерва: Шарлот – Бостон, Орландо – Лос Анџелес Лејкерс, Кливленд – Вашингтон, Бруклин – Њу Орлеанс, Мајами – Атланта, Милвоки – Далас, Минесота – Сан Антонио и Портланд – Мемфис.

Пласман Источна конференција: Мајами 47-14 (победи-порази), Њујорк 38-23, Индијана 39-24, Бруклин 37-27, Чикаго 35-28, Бостон 34-28, Атланта 34-28, Милвоки 32-29,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 49-15, Оклахома Сити 47-17, Лос Анџелес Клиперс 45-20, Мемфис 42-19, Денвер 43-22, Голден Стејт 36-29, Хјустон 34-30, Јута 33-31, Лос Анџелес Лејкерс 33-31,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ