ВИДЕО: Сан Антонио обезбеди плеј-оф

Од:

Кошаркарите на Сан Антонио со триумфот над Далас ноќеска го обезбедија пласманот во НБА плеј-офот, како прва екипа од „Запад“ или втора по Мајами.

Пред своите навивачи „мамузите“ го совладаа Далас со 92:91, а притоа Винс Картер го промаши последниот шут за победа на Далас, па така шампионот од 2011 година е се подалеку од пласман во завршницата, за првпат по 15 сезони.

Најдобар играч на натпреварот беше Тим Данкан имаше 28 поени и 19 скокови, додека Новицки кај Далас натпреварот го заврши со 21 поен и 11 скокови.

Воедно Сан Антонио е првата екипа која стигна до 50-та победа.

На вториот натпревар одигран ноќеска Портланд на свој терен оствари победа над Њујорк со 105:90. Гостите натпреварот го одиграа повредените Амаре Стадемаер, Кармело Ентони и Тајсон Чандлер.

Вечерва на програмата се 10 натпревари: Торонто – Шарлот, Вашингтон – Њу Орлеанс, Индијана – Лос Анџелес Лејкерс, Атланта – Феникс, Хјустон – Минесота, Оклахома Сити – Орландо, Милвоки – Мајами, Далас – Кливленд, Денвер – Мемфис и Голдн Стејт – Чикаго.

Пласман Источна конференција: Мајами 49-14 (победи-порази), Индијана 40-24, Њујорк 38-25, Бруклин 38-27, Чикаго 35-29, Бостон 35-29, Атланта 35-29, Милвоки 32-31,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 48-17, Мемфис 44-19, Лос Анџелес Клиперс 45-21, Денвер 44-22, Голден Стејт 37-29, Хјустон 35-30, Лос Анџелес Лејкерс 34-32, Јута 33-32,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ