Фудбалерите на Русија во Москва ја совладаа Португалија со 1:0, во рамки на квалификациите за Светското првенство 2014, со што се наоѓаат на чело на групата со максимални девет бодови.
Голот на одлука на тешкиот терен на стадионот Лужњики го постигна Александар Кержаков уште во 6 минута, по проигрувањето од Роман Широков.
Португалците имаа повеќе шанси во првиот дел, но во второто полувреме рускиот селектор Фабио Капело постави стратегија со која беа запрени португалските напади предводени од Кристијано Роналдо, кој играше иако беше повреден.