Страшна вест го потресе светот на фудбалот. Маријано Ондо, претставник на Екваторијална Гвинеја, ненадејно почина на 23-годишна возраст.
Тренираше во татковината и се подготвуваше за трансфер во Рапид де Бузас, клуб од третата лига на Шпанија, а потоа само ја загуби свеста.
Се струполил на земја, а претходно се пожалил дека не се чувствува добро. Веднаш бил пренесен во болница, но само констатирале смрт.
Во текот на кариерата настапуваше и за македонскиот Шкупи, а договори преселба во шпанскиот клуб со кој тренираше претходната сезона.
Играше на позицијата десен бек, а седум пати го носеше дресот на репрезентацијата. Шпанскиот клуб е во шок, а следниот натпревар ќе започне со едноминутно молчење во негова чест.