(ВИДЕО) Принцот Вилијам им посака среќа на Англичаните: „Цела нација е со вас“

Од:

Принцот Вилијам и посака многу среќа на англиската фудбалска репрезентација пред вечерашното финале на Европското првенство против Италија на „Вембли“, порачувајќи им на фудбалерите дека ја имаат поддршката од целата нација.

– Ви посакувам многу среќа. Го донесовте најдоброто од Англија и сите сме со вас, целата земја е со вас, па донесете го трофејот дома, порача принцот Вилијам, кој воедно е и претседател на Англиската фудбалска федерација (ФА).

Тој своето обраќање до англиските фудбалери го објави во видео порака на Твитер.

Англија вечерва го игра своето прво финале во историјата на европските првенства, а досега најголемиот успех го постигна во 1968 година кога заврши како третопласирана, додека во 1996 беше елиминирана во полуфиналето.

За Италија ова ќе биде четврто финале, по европската титула во 1968, и двата порази во финалните натпревари во 2000 и 2012 година.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Принцот Вилијам во тенк близу границата со Русија

А1он

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Принцот и принцезата од Велс нема да присуствуваат на предбожиќниот ручек во Бакингемската палата