Романската тенисерка Ирина Камелија Бегу е казнета за инцидентот што се случи на Ролан Гарос.
Таа во второто коло ја победи Екатерина Александрова со 6:7 (3), 6:3, 6:4, но имаше голема среќа.
Бегу во моментот на фрустрација по губењето на сервисот во третиот сет (5:5) го фрли рекетот, кој незгодно се одби на трибината и удри едно дете.
Интересно е што судиите воопшто не ја казнија за такво нешто, а по мечот Александрова беше лута затоа што на противничката сепак и беше дозволено да продолжи да игра.
Never thought I'd say this but here we are: we need better efforts to protect #Tennis fans from violent players. https://t.co/JyNqm9arNU
— LukianK (@Lukagre) May 27, 2022
Детето плачеше, натпреварот мораше да прекине некое време додека не се смири, а судијата и надзорникот дојдоа да се консултираат за инцидентот со Бегу и семејството на момчето.
Бегу се спаси со казна поради неспортско однесување, но сепак мораше да плати и парична казна од 10.000 долари по натпреварот.
Ова е најголемата казна изречена од почетокот на турнирот. Бегу во третото коло игра против Французинката Леолија Жанјан.
Ова е уште еден пример за недоследноста на луѓето кои ги водат Грен слемовите, бидејќи Ѓоковиќ беше дисквалификуван од турнир поради ненамерното удирање на судијата со топчето во врат на УС Опен 2020 година.