Поразот на Феникс Санс ноќеска од Портланд изразен со 48 поени разлика (124:76) е најтежок во историјата на клубот од Аризона.
Катастрофалниот резултат за „сонцата“ можеше да биде уште поголем ако се има в предвид дека Портланд во еден момент водеше и со 58 поени разлика (118:60).
Во своето 50-годишно постоење, НБА клубот Феникс се до ноќта меѓу среда и четврток најмногу загубил со 44 поени разлика, од Сиетл во 1988 година.