Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Мајами ноќеска загуби во натпреварот со Вашингтон со резултат 105:101 на гостински терен, иако Леброн Џејмс имаше „трипл дабл“ учинок – 26 поени, 13 скокови и 11 асистенции.
Ова беше првиот ваков учинок оваа сезона од еден кошаркар, а најдобар на теренот кај победникот беше Џордан Крафорд со 22 поена.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Минесота 88:105, Бруклин – Оклахома Сити 111:117, Чикаго – Индијана 76:80, Мемфис – Феникс 108:98 (продолжение) и Хјустон – Лос Анџелес Лејкерс 107:105.
Вечерва се играат 11 натпревари: Шарлот – Њујорк, Индијана – Портланд, Бостон – Минесота, Детроит – Голден Стејт, Атланта – Денвер, Кливленд – Чикаго, Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс, Сан Антонио – Милвоки, Јута – Орландо, Сакраменто – Тороно и Лос Анџелес Клиперс – Далас.
Пласман во Источна конференција: Њујорк 12-4 (победи-порази), Мајами 12-4, Бруклин 11-6, Атланта 9-5, Филаделфија 10-8,…
Пласман во Запдна конференција: Мемфис 13-3, Оклахома Сити 15-4, Сан Антонио 14-4, ЛА Клиперс 11-6, Голден Стејт 10-7,.