ВИДЕО: Победи за водечките екипи во НБА конференциите

Од:

Двете првопласирани екипи во конферециите во НБА лигата Мајами (Исток) и Сан Антонио (Запад), ноќеска немаа проблеми и постигнаа гостински победи.

Првакот Мајами го совлада Чикаго со 86:67 и ја постигна деветта победа во серија и само се зацврсти на водечката позиција во конференцијата.

Прв играч на натпреварот беше Леброн Џејмс со 26 поени и 12 скока, а Двејн Вејд дуелот го заврши со 17 поени. Сепак одличната одбрана беше „клучот“ за победата.

Лидерот на лигата Сан Антонио има биланс од 22 победи и 10 порази на гостувањата, а на последните пет натпревари скорот им е 5-0. „Мамузите“ ноќеска постигнаа важна победа совладувајќи го третиот тим од „Запад“ Лос Анџелес Клиперс со 116:90.

Најефикасен беше Тони Паркер со 31 поен.

Вечерва во НБА лигата се играат 12 натпревари, а двојките се: Торонто – Њујорк, Вашингтон – Денвер, Шарлот – Чикаго, Индијана – Детроит, Бруклин – Хјустон, Атланта – Сакраменто, Мемфис – Орландо, Њу Орлеанс – Далас, Оклахома Сити – Минесота, Феникс – Бостон, Лос Анџелес Лејкерс – Портланд и Голден Стејт – Сан Антонио.

Пласман Источна конференција: Мајами 38-14 (победи-порази), Њујорк 32-19, Индијана 33-21, Бруклин 33-22, Чикаго 31-23,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 44-12, Оклахома Сити 39-13, Лос Анџелес Клиперс 39-18, Мемфис 35-18, Денвер 34-21,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ