ВИДЕО: Победи на Њујорк и Сан Антонио за водство од 3-0

Од:

Екипите на Њујорк и Сан Антонио ноќеска постигнаа победи на гостувањата кај Бостон односно Лос Анџелес Лејкерс и поведоа со 3-0 во добиени натпревари во 1.коло од НБА плеј-офот.

Сан Антонио ја искористи предноста и повредените играчи кај противникот и ги совлада „езерџиите“ со 120:89.

На листата на повредени кај Лејкерси се Коби Брајант, Стив неш, Стив Блејк и Џоди Микс. Во Бостон Њујорк се „прошета“ и славеше против Бостон  со 90:76.

Најинтересно беше на дуелот Голден Стејт – Денвер каде домаќинот победи со 110:108. Денвер на десет секунди до крајот направи грешка во напад, а откако Голден Стејт реализираше едно слободно фрлање, Андре Игудала од половина терен го погоди обрачот.

Вечерва се играат четири натпревари: Чикаго – Бруклин (2-1 во победи), Мемфис – Лос Анџелес Клиперс (1-2), Атланта – Индијана (0-2) и Хјустон – Оклахома Сити (0-2).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ