Светската кошаркарска куќа објави официјална листа на десетте најдобри потези на шампионатот, кој што се одржа во Шпанија.
Меѓу нив се и оние кои што ги изведоа Мексиканецот Роман Мартинез, Американецот Кенет Фарид во два наврати, Руди Гобер, Шпанецот Руди Фернандез, репрезентативецот на Турција Емир Прелџиќ, кошаркарот на старо-новиот шампион на светот Џејмс Харден но и потегот на српскиот кошаркар Никола Калиниќ.
Е. Г.