ВИДЕО: Олимпискиот оган пристигна во Јужна Кореја

Од:

Олимпискиот оган пристигна во Јужна Кореја на 100 дена до почетокот на Зимските олиписки игри што ќе се одржат во Пјонгчанг.

Честа први на „домашно тло“ да го носат огнот го имаа освојувачката на златен олимписки медал во лизагање Кум Ју-На и министерот за спорт.

ЗОИ во Пјонгчанг ќе се одржат од 9 до 25.февруари. Околу 7.500 луѓе се избрани да го носат факелот со олимпискиот оган, а патот ќе биде долг 2018 километри низ целата држава.

Организаторите се загрижени дека се продадени само 180.000 влезници од вкупно 1.180.000. Добро се продаваат влезниците за спортовите како хокеј на мраз, уметничко лизгање и брзо лизгање, додека слабо оди продаржбата за спортови како санкање, крос кантри ислично. За продажбата на влезниците секако големо влијание има и состојбата со Северна Кореја, која постојано ја демонстрира својата нуклеарна сила.

Градот домаќин на Игрите Пјонгчанг се наоѓа на само 80 километри од границата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски