Богата програма имаше ноќеска во НБА лигата, каде беа одиграни 13 натпревари, а по постигнување на 18.та сезонска победа Оклахома Сити изби на чело на Западната конференција, воедно го искористи поразот број 5 на Сан Антонио кој загуби од Јута.
Од натпреварите каде играа екипи од „Истокот“ Мајами по вторпат е поразен на домашен терен, а Шарлот е во низа од девет порази и сега има негативен биланс (повеќе порази од победи).
Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Торонто – Бруклин 88:94, Орландо – Атланта 80:86, Индијана – Кливленд 96:81, Филаделфија – Чикаго 89:96, Шарлот – ЛА Клиперс 94:100, Мајами – Голден Стејт 95:97, Бостон – Далас 117:115 (две продолженија), Милвоки – Сакраменто 98:85, Хјустон – Вашингтон 99:93, Оклахома Сити – Њу Орлеанс 92:88, Минесота – Денвер 108:105, Феникс – Мемфис 82:80 и Јута – Сан Антонио 99:96.
Вечерва се играат три натпревари: Атланта – Шарлот, Њујорк – Лос Анџелес Лејкерс и Портланд – Сан Антонио.
Пласман Источна конференција: Њујорк 16-5 (победи-порази), Мајами 14-6, Атланта 13-6, Чикаго 12-9, Бруклин 12-9, Бостон 12-9,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 18-4, Сан Антонио 18-5, Мемфис 14-5, Лос Анџелес Клиперс 16-6, Голден Стејт 15-7,.