ВИДЕО: Оклахома Сити ја доби битката со Сан Антонио

Од:

Екипата на Оклахома Сити успеа да се избори за позицијата број 1 во Западната конференција од НБА лигата, откако ноќеска ја постигна 60.та победа сезонава по триумфот над Сакраменто.

За обезбедување на пол-позицијата, во прилог им одеше и поразот на Сан Антонио кај Голден Стејт.

До крајот на регуларниот дел предвидени се уште 17 натпревари, а за последното место на „Запад“ и натаму во игра се Јута и Лос Анџелес Клиперс.

Резултати од ноќешните натпревари: Шарлот – Њујорк 106:95, Орландо – Чикаго 84:102, Кливленд – Мајами 95:96, Бруклин – Вашингтон 106:101, Детроит – Филаделфија 109:101, Милвоки – Денвер 111:112, Далас – Мемфис 97:103, Оклахома Сити – Сакраменто 104:95, Минесота – Јута 80:96, Феникс – Хјустон 119:112 и Голден Стејт – Сан Антонио 116:106.

Поради терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон откажан е вечерашниот натпревар меѓу Бостон и Индијана и овој дуел нема дополнително да се игра.

Исходот од овој дуел нема да влијае на конечниот пласман, а е откажан во знак за почит кон жртвите на маратонот.

Натпреварот Атланта – Торното е презакажан за половина час и ќе се игра во 20 часот по локално време, а на програмата е уште натпреварот ЛА Клиперс – Портланд.

Пласман Источна конференција: Мајами 65-16 (победи – порази), Њујорк 53-28, Индијана 49-31, Бруклин 48-33, Атланта 44-36, Чикаго 44-37, Бостон 41-39, Милвоки 37-44,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 60-21, Сан Антонио 58-23, Денвер 56-25, ЛА Клиперс 54-26, Мемфис 55-26, Голден Стејт 46-35, Хјустон 45-36, ЛА Лејкерс 44-37, Јута 42-38,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ