Францускиот фудбалер Франк Рибери, кој настапува за Фиорентина, во понеделникот откри дека за време на викендот, додека тој заедно со неговиот тим биле во Парма, неговата куќа била ограбена од непознати сторители.
– После враќањето по победата во Парма (2-1), се вратив дома и еве што најдов …“, напиша Франк Рибери на својот Твитер каде исто така објави видео на кое се прикажани лични предмети расфрлани на подот.
Тој вели дека неговата сопруга останала без неколку торби и неколку парчиња накит, но дека таа и децата биле во Минхен во времето кога се случила кражбата.
??♂️ pic.twitter.com/29slQ0P7DM
— Franck Ribéry (@FranckRibery) July 6, 2020
Италијанските медиуми пишуваат дека биле украдени вредни предмети од вилата на Рибери, сместена на падините во близина на Фиренца, додавајќи дека по самоизолацијата и другите мерки за борба против ширењето на коронавирусот, криминалот се зголемил нагло во претстојниот период.