ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Од:

Жељко Обрадовиќ беше сериозно изнервиран од однесувањето на еден навивач на петтиот меч од финалната серија со Црвена Звезда.

Партизан ја совлада Црвена звезда, ја освои титулата во АБА-лигата, а еден потег на крајот од тој меч сериозно го изнервира Жељко Обрадовиќ. Во последните секунди од играта еден од навивачите истрча кон клупата и почна да ги гушка членовите на црно-белиот стручен штаб. Искусниот стручњак веднаш го забележал тоа, скокна врз него, го удри и го оттурнал од клупата. Многумина не го забележаа тој детаљ, додека на видеото се гледа дека на мажот му паднаа очилата.

Во следниот момент, по звукот на сирената, Матијас Лесор и Џејмс Нанали му пријдоа на својот тренер, почнаа да го креваат и да слават, но тој побарал да се помрднат и да го пуштат. Прво отиде да се поздрави со колегата Душко Ивановиќ и стручниот штаб на црвено-белите. Дури тогаш се врати на прославата на успехот со играчите и навивачите.

На теренот владееше вистинско лудило, публиката запали и факели, па за некое време ништо не се гледаше на теренот. Потоа почнаа да слават заедно со играчите, а во еден момент го грабнаа Обрадовиќ и почнаа да го фрлаат во воздух.

Би можело да ве интересира

Предраг Мијатовиќ: Долгот на Партизан изнесува 53.128.000 евра

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

ВИДЕО: Украинците одбија да се ракуваат со Партизан