Член од обезбедувањето на Австралија опен, не му дозволил на Рафаел надал да влезе во една од просториите. Шпанецот не ја носел својата акредитација, па го убедувал чуварот дека е тенисер покажувајќи негова слика на еден од плакатите.
Во тој момент, друг службеник од обезбедувањето дошол и му дозволил на Надал да помине.
Надал кој е прв носител на Грен слемот во Мелбурн, претпладнево ќе го започне дуелот со Доминик Тим од четврфиналната фаза.