Кошаркарите на Далас ја совладаа Минесота со 109:108 и поведоа со 2:0 во финалето на плејофот на Западната конференција во НБА. Решавачкиот кош го постигна Лука Дончиќ зад кого е уште една одлична НБА вечер. Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции за петти трипл-дабл учинок во плеј-офот оваа сезона.
Најважното нешто што го постигна на три секунди пред крајот на натпреварот. При резултат 106:108, во моментите кога го чуваше Руди Гоберт, Дончиќ изведе трик за да се ослободи од четирикратниот и актуелен најдобар одбранбен играч во лигата и погоди за предност на Мавс.
Во последниот напад топката ја имаше Наз Рид. На овој натпревар постигна 23 коша, од кои до последниот напад имаше 7/8 за три поени. Неговиот обид од зад линијата за тројка се одби од работ, што го запечати натпреварот во нова победа на Маверикс во Минеаполис.
Серијата сега се сели во Далас, каде ќе се играат следните два натпревари. Според статистиката, огромни се шансите Далас да стигне до големото финале на НБА. Тимовите кои воделе со 2:0 во финалето на конференцијата ги добиле сериите во 90 проценти од случаите (58-6).
Треба да се нагласи дека тројката што ја постигна за победа беше единствениот кош на Дончиќ од поле во последната четвртина од натпреварот. Во него доминираше Кајри Ирвинг со 13 постигнати поени.
Далас во ниту еден момент не водеше со повеќе од три разлика, а во водство беше само на почетокот на натпреварот и повремено во последната четвртина. На нешто повеќе од една минута до крајот на натпреварот, Волвс имаа пет поени разлика.
Заедно со Дончиќ, Мавс до победата ги предводеше и Ирвинг. Благодарение на одличниот последен период од игра стигна до учинок од 20 поени, на кои додаде и шест асистенции. Плејмејкерите на Минесота не блескаа на овој натпревар. Ентони Едвардс постигна 21, но со само 5/17 од поле, а Карл-Ентони Таунс 15 поени, со уште послаби 4/16. Џејден МекДаниелс исто така беше лош офанзивно Тој постигна само 2 коша со 1/6 шут.
Третиот натпревар од серијата ќе се одигра в недела во Далас.