ВИДЕО: Новиот Mercedes S63 AMG

Од:

Mercedes ја претстави најмоќната изведба од шестата генерација на моделот S-класа. Моделот го носи името S63 AMG.

Под хаубата се наоѓа 5,5 литарски битурбо V8 мотор со 585 коњски сили и вртежен момент од 900Nm. Моделот ќе биде достапен во три изведби – со нормално и со продолжено меѓуоскино растојание, како и верзија со погон на сите четири тркала 4MATIC која ќе биде достапна за продолжениот модел.

mercedes-s63-amg-mokjna-sportska-palata-na-trkala-142234

При изработката на каросеријата многу е користен алуминиумот, па новиот S63 AMG е полесен стотина килограми од претходникот, а тежи 1.970 килограми.

Овој голем и моќен автомобил, забрзува до 100-ка за 4,4 секунди, а моделот со погон на сите четири тркала, е побрз за четири десетинки. Сепак двете верзии се ограничени на 250 километри на час, а комбинираната потрошувачката изнесува 10,3 литри на 100 километри.

Продажбата треба да стартува до крајот на годината, а цената сѐ уште не е позната.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on