ВИДЕО: Норвешките ракометарки казнети откако одбија да играат во бикини-гаќички на жешкиот бугарски песок

Од:

Светската ракометна асоцијација (ИХФ) парично ја казни норвешката женска репрезентација во ракомет на песок, откако ракометарките одбија да настапат во бикини гаќички на Европското првенство во Варна, Бугарија, порачувајќи дека тоа го сметаат за сексуализација на спортистките.

Норвежанките го игнорираа предупредувањето да се придржуваат до протоколот и се појавија во кратки шорцови на песокот во натпреварот за третото место на Европското првенство во Варна, а ИХФ им изрече поединечна парична казна од по 150 евра, или вкупно 1.500 евра.

Норвешката ракометна федерација соопшти дека ќе ја плати казната, изразувајќи им поддршка на своите ракометарки.

– Горди сме на девојките, кои настапија на Европското првенство во ракомет на песок. Го кренаа гласот и порачаа дека е доста, објави Норвешката ракометна федерација.

Норвежанките во натпреварот за третото место на турнирот тесно загубија од Шпанија со 23:22.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он