Кошаркарите на Сан Антонио се пласираа во големото финале на НБА лигата сезонава откако ноќеска со 93:86 ја остварија и четвртата победа во финалето на Западната конфренција против Мемфис.
Со максимални 4:0 “мамузите“ си обезбедија и неколку дена одмор бидејќи во финалето на Источната конфренција ќе се играат уште најмалку два натпревара (Мајами – Индијана 2:1 во победи).
Најдобар играч во четвртиот триумф кај Сан Антонио беше Тони Паркер со 37 поени. Екипата на Сан Антонио уште еднаш успеа да ги запре главните противнички играчи – Зак Рендолф постигна 14 поени, Марк Гасол 13, а само „резервистот“ Квинси Пондексер реализираше 22 поена.
Сан Антонио се избори по петти пат да игра во финалето од НБА лигата, а во претходните четири кога беше учесник секогаш ја освојуваше титулата.