(ВИДЕО) НБА: Сан Антонио не запира

Од:

Лидерот во НБА лигата, тимот со најдобар скор (43-12) Сан Антонио и по „Ол старс“ викендот ја продолжи серијата победи. Деветтата победа на последните 10 натпревари „спарси“ ја оставрија на гостувањето кај Сакраменто со 108:102.

Најдобар поединец беше Тони Паркер со 30 поени и 11 асистенции, а одлична помош имаше од Дени Грин со 21 поени и шут 8 погодени од 11 обиди.

Резултати на другите натпреварите одиграни ноќеска: Вашингтон – Торонто 88:96, Орландо – Шарлот 92:105, Бруклин – Милвоки 113:111, Детроит – Мемфис 91:105, Њу Орлеанс – Чикаго 87:96, Денвер – Бостон 97:90, Јута – Голден Стејт 115:101 и Портланд – Феникс 98:102.

Вечерва се играат 11 натпревари: Торонто – Мемфис, Шарлот – Детроит, Индијана – Њујорк, Кливленд – Њу Орлеанс, Атланта – Мајами, Милвоки – Бруклин, Хјустон – Оклахома Сити, Минесота – Филаделфија, Далас – Орландо, Лос Анџелес Лејкерс – Бостон, Голден Стејт – Феникс.

Пласман Источна конференција: Мајами 36-14 (победи-порази), Њујорк 32-18, Индијана 32-21, Бруклин 32-22, Чикаго 31-22,…

Пласман Западна конфренција:Сан Антонио 43-12, Оклахома Сити 39-14, Лос Анџелес Клиперс 39-17, Мемфис 34-18, Денвер 34-21,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ