Екипата на Сан Антонио го доби првиот натпревар од финалето на НБА лигата откако ноќеска славеше на теренот на шампионот Мајами со 92:88 (23:24; 26:28; 20:20 и 23:16).
Најдобар поединец кај победникот беше Тони Паркер, кој постигна 21 поен, а притоа го реализираше последниот шут за својата екипа за конечните 92:88, на 5.2 секунди до крајот на дуелот. Одлична помош имаше од Тим Данкан, кој реализираше 20 поени и 14 скокови.
Леброн Џејмс кај победникот оствари 18 поени, 18 скокови и 10 асистенции, но и неколку грешки го решавачките моменти.
Натпреварот број 2 се игра на теренот на Мајами во недела навечер.