(ВИДЕО) НБА: Прв „трипл-дабл“ на Тони Паркер сезонава

Од:

Екипата на Сан Антонио оствари нова победа, вкупно 18.та (најмногу во лигата) откако на гостувањето кај Хјустон славеше со 134:126 по продолжение.

Предводник до победата беше Тони Паркер со 27 поени и по 12 асистенции и скокови што е негов прв „трипл-дабл“ сезонава. Гери Нил имаше 29, а Ману Џинобил 22 поена. Тим Данкан натпреварот го заврши со 10 поени и 13 скокови.

Кај домашната екипа Џереми Лин постигна 38 поени, а без ефект остана петтиот „дабл-дабл“ учинок на Омер Ашик – 21 поен и 10 скокови.

На другите натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска: Филаделфија – Детроит 104:97, Шарлот – Голден Стејт 96:104, Мајами – Атланта 101:92, Далас – Сакраменто 119:96 и Портланд – Торонто 92:74.

Вечерва се играат пет натпревари: Бруклин – Њујорк, Кливленд – Лос Анџелес Лејкерс, Детроит – Денвер, Њу Орлеанс – Вашингтон и Чикаго – Лос Анџелес Клиперс.

Пласман Источна конференција: Њујорк 15-5 (победи-порази), Мајами 14-5, Атланта 12-6, Чикаго 11-8, Бруклин 11-8, Филаделфија 12-9,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 18-4, Оклахома Сити 17-4, Мемфис 14-4, Лос Анџелес Клиперс 14-6, Голден Стејт 14-7,Јута 12-10,.

Би можело да ве интересира

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид