Екипите на Бостон и на Хјустон остварија победи на ноќешните натпревари од 1.коло во НБА плеј-офот и намалија на 3-2 во победи за тимовите на Њујорк односно Оклахома Сити.
И двата тима имаат голема шанса да се изборат за „мајсторка“ бидејќи следниот натпревар го играат на домашен терен.
Бостон во своите редови го имаше Кевин Гарнет, кој го предводеше тимот до победата со 16 поени и 18 скокови, а уште четири играчи двоцифрен број поени.
На дуелот Оклахома Сити – Хјустон, поранешниот играч на Оклахома Џејмс Харден постигна 31 поен и беше еден од најдобрите на теренот.
На третиот натпревар одигран ноќеска сигурно беше дека една од екипите ќе има водство од 3-2 во победи.
Исто како и на претходните четири дуели победија домаќините овојпат тоа беше Индијана.
Резултати од ноќешните НБА натпревари: Њујорк – Бостон 86:92 (3-2 во победи), Индијана – Атланта 106:83 (3-2) и Оклахома Сити – Хјустон 100:107 (3-2).
Вечерва играат:Чикаго – Бруклин (3-2) и Голден Стејт – Денвер (3-2).