(ВИДЕО) НБА: Мајами повторно води против Индијана

Од:

Шампионот во НБА лигата, Мајами ноќеска оствари триумф на гостувањето кај Индијана и повторно поведе во финалето на Источната конфренција овојпат со 2:1 во победи. Мајами славеше со 114:96, откако сите четири четвртини ги реши во своја корист.

За Индијана ова беше прв пораз на домашен терен во плеј офот.

На полувремето Мајами водеше со 14 поени разлика (70:56), а во тој период Леброн Џејмс постигна 18 од своите 22 поена. Комплетната стартна петорка на Мајами имаше двоцифрен учинок.

Кај Индијана најефикасен беше Дејвид Вест со 21 поен.

Следниот натпревар Индијана – Мајами се игра во вторник навечер, а вечерва играат Мемфис и Сан Антонио во финалето на Западната конференција. Сан Антонио води со 3:0 во победи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ