(ВИДЕО) НБА лига: Уште едно празно место за плеј офот

Од:

Тимовите на Лос Анџелес Лејкерс, на Јута и на Далас конкурираат за последното празно место во плеј офот на „Запад“.

Од ноќеска пласман во разигрувањето изборија екипите на Голден Стејт и на Хјустон откако постигнаа победи над Минесота односно Феникс. Важна победа постигна и ЛА Лејкерс против Њу Орлеанс и ја мина Јута, која загуби дома од Оклахома Сити. Њујорк ја оствари и 13. победа по ред, а Кармело Ентони постигна 36 поени.

Резултати од ноќешните натпревари: Индијана – Кливленд 99:94, Бруклин – Филаделфија 104:83, Њујорк – Вашингтон 120:99, Мајами – Милвоки 94:83, Чикаго – Торонто 98:101, Мемфис – Шарлот 94:75, Хјустон – Феникс 101:98, Јута – Оклахома Сити 80:90, Лос Анџелес Лејкерс – Њу Орлеанс 104:96 и Голден Стејт – Минесота 105:89.

И вечерва на програмата се 10 натпревари: Филаделфија – Атланта, Вашингтон – Мајами, Орландо – Милвоки, Кливленд – Детроит, Бостон – Бруклин, Далас – Феникс, Сакраменто – Њу Орлеанс, Портланд – Лос Анџелес Лејкерс, Денвер – Сан Антонио и Лос Анџелес Клиперс – Минесота.

Пласман Источна конференција: Мајами 61-16 (победи – порази), Њујорк 51-26, Индијана 49-29, Бруклин 45-32, Чикаго 42-35, Атланта 42-36, Бостон 40-37, Милвоки 37-40,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 57-20, Оклахома Сити 57-21, Денвер 53-24, ЛА Клиперс 51-26, Мемфис 53-25, Голден Стејт 45-33, Хјустон 44-34, ЛА Лејкерс 41-37, Јута 41-38, Далас 38-39.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ