(ВИДЕО) НБА: Клиперс ги „потопија“ Лејкерси

Од:

Во реприза на ланското финале, шампионот во НБА Мајами, повторно беше подобар од финалистот Оклахома Сити и на гостински терен го совлада со 110:100. Решавачка за победата беше првата четвртина која Мајами ја доби со 32:17.

Леброн Џејмс на седми натпревар по ред постигнува повеќе од 30 поени. Тој натпреварот го заврши со 39 поени и 12 скокови. Одлична помош имаше од соиграчите Крис Бош реализираше 20 поени со шут (10/14), додека Двејн Вејд и Реј Ален имаа по 13 поени.

Во редовите на поразениот тим Кевин Дјурант реализираше 40 поени.

На вториот натпревар одигран ноќеска, во Лос Анџелес играа „соседите“, а Клиперс ги „потопија“ Лејкерси и славеа победа од 125:101. И на овој натпревар победникот ја доби првата четвртина со 31:17.

Крис Пол имаше 24 поени и 13 асистенции, додека Блејк Грифин постигна 18 од своите 22 поена во првата четвртина. Своја вечер имаше и Чонси Билапс, со пет „тројки“ за вкупно 21 поен.

Вечерва не се играат натпревари бидејќи почнува „Ол старс“ викендот во Хјустон.

Пласман Источна конференција: Мајами 36-14 (победи-порази), Њујорк 32-18, Индијана 32-21, Бруклин 31-22, Чикаго 30-22,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 42-12, Оклахома Сити 39-14, Л.А.Клиперс 39-17, Мемфис 33-18, Денвер 33-21,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ