Екипата на Индијана оствари победа во натпреварот број 6 од финалето на Источната конфренција и го изедначи резултатот на 3:3 во победи. Ноќеска пред своите навивачи Индијана го совладаа шампионот Мајами со 91:77.
Комплетниот тим на Индијана беше на ниво и пред се благодарение на 53 скокови, 20 повеќе од противникот стигнаа до триумфот и се изборија за мајсторката, која ќе се игра во понеделник навечер.
Ова ќе биде само втор дуел од годинашниов плеј оф што ќе се решава во мајсторка.
Најпрецизен кај домашните беше Пол Џорџ со 28 поени, а на натпреварот Леброн Џејмс со 29 поени.