(ВИДЕО) НБА: Данкан донесе победа за Сан Антонио

Од:

Со кошот на 2.2 секунди до крајот на натпреварот, Тим Данкан на својата екипа и донесе водство во дуелот со Лос Анџелес Клиперс, а потоа го реализираше и дополнителното слободно фрлање за победа од 104:102.

Последниот напад гостите не го реализираа преку Крис Пол. Данкан натпреварот го заврши со 34 поени и 11 скокови.

Со триумфот над Портланд, екипата на Јута се изеначи со скорот на ЛА Лејкерси (37-36) и ја продолжуваат борбата за плеј-офот.

Резултати од ноќешните натпревари во НБА лигата: Орландо – Вашингтон 97:92, Бостон – Атланта 118:107, Њујорк – Шарлот 111:102, Детроит – Торонто 82:99, Кливленд – Филаделфија 87:97, Мемфис – Хјустон 103:94, Њу Орлеанс – Мајами 89:108, Минесота – Оклахома Сити 101:93, Сан Антонио – Лос Анџелес Клиперс 104:102, Денвер – Бруклин 109:87 и Портланд – Јута 95:105.

Двојки за вечерва: Далас – Чикаго, Атланта – Орландо, Филаделфија – Шарлот, Хјустон – Лос Анџелес Клиперс, Минесота – Мемфис, Милвоки – Оклахома Сити, Јута – Бруклин, Феникс – Индијана, Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт – Портланд.

Пласман Источна конференција: Мајами 57-15 (победи-порази), Њујорк 45-26, Индијана 46-27, Бруклин 42-30, Чикаго 39-31, Атланта 40-33, Бостон 38-34, Милвоки 35-36,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-17, Оклахома Сити 53-20, Лос Анџелес Клиперс 49-24, Денвер 50-24, Мемфис 48-24, Голден Стејт 41-32, Хјустон 39-33, Јута 37-36, Лос Анџелес Лејкерс 37-36, Далас 35-37,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ