(ВИДЕО) НБА: Брајант четврти стрелец во историјата на НБА

Од:

Коби Брајант на ноќешниот дуел со Сакраменто постигна 19 поени (14 асистенции) и со вкупно 31.434 поени изби на 4.место на листата на стрелци во историјата на НБА лигата. Пред него се наоѓаат: Карим Абдул Џабар 38.387 поени, Карл Мелоун 36.928 и Мајкл Џордан 32.292, додека зад него сега е Вилт Чемберлен со 31.419 поени.

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс оствари победа на гостувањето кај Сакраменто и се изедначи со билансот на победи со Јута (38-36) и овие два тима ќе водат голема борба за пласман во плеј офот (8.место). Добра партија прикажа Двајт Хауард со 24 поени и 15 скокови.

Резултати од ноќешните натпревари: Далас  – Чикаго 100:98, Атланта – Орландо 97:88, Филаделфија – Шарлот 100:92, Хјустон – Лос Анџелес Клиперс 98:81, Минесота – Мемфис 86:99, Милвоки – Оклахома Сити 99:109, Јута – Бруклин 116:107, Феникс – Индијана 104:112, Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 98:103 и Голден Стејт – Портланд 125:98.

Вечерва се играат пет дуели: Вашингтон – Торонто, Њу Орлеанс – Кливленд, Чикаго – Детроит, Сан Антонио – Мајами и Њујорк – Бостон.

Пласман Источна конференција: Мајами 57-15 (победи-порази), Индијана 47-27, Њујорк 45-26, Бруклин 42-31, Чикаго 39-32, Атланта 41-33, Бостон 38-34, Милвоки 35-37,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-17, Оклахома Сити 54-20, Денвер 50-24, Лос Анџелес Клиперс 49-25, Мемфис 49-24, Голден Стејт 42-32, Хјустон 40-33, Јута 38-36, Лос Анџелес Лејкерс 38-36,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ