На автопат во близна на Риека во Хрватска се степаа две навивачки групи. Според полицијата во инцидентот кој се случил поладнево учествувале повеќе лица.
25.08.2024🇭🇷Armada Rijeka vs Torcida Split, fight on highway, check more here: https://t.co/WmO7KPB4HV pic.twitter.com/JjI7MoiKOY
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 25, 2024
Според досегашните информации, наводно станува збор за членови на Армада и на Торцида, односно навивачки групи на фудбалските клубови Риека и Хајдук. Брзата интервенција на полицијата спречила натамошен конфликт и појава на поголема материјална штета, пишуваат хрватските медиуми.
25.08.2024🇭🇷Armada Rijeka vs Torcida Split, fight on highway, check more here: https://t.co/WmO7KPBCxt pic.twitter.com/jGD7MjJ3Ax
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 25, 2024
Дел од учесниците на овој настан се приведени и против нив се води кривична истрага. На повредените во тепачката ќе им биде укажана соодветна лекарска помош, соопшти полицијата.
Полицијата продолжува со утврдување на сите релевантни околности и факти и учесниците на овој настан.