(ВИДЕО) Надал: Настапот на Ролан Гарос е невозможен, нема да играм во следните неколку месеци

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на прес-конференцијата објави дека нема да го гледаме повеќе оваа година.

Рафаел Надал дефинитивно ја заврши актуелната сезона, што и лично го потврди денеска на прес-конференцијата.

Се шпекулираше дека нема да го видиме на Ролан Гарос, но шпанскиот тенисер даде далеку попесимистички прогнози. Повредата е од многу посериозна природа.

– Опоравувањето од повредата што ја заработив во Австралија не помина како што очекував. Оттогаш не сум во можност да постигнам бројни цели, така што настапот на Ролан Гарос е невозможно. Имајќи предвид дека сите знаете колку ми значи овој турнир, можете да разберете колку е тешка оваа одлука за мене. Немам намера да играм во следните неколку месеци – изјави Надал на почетокот на конференцијата.

Уште повеќе, Надал вели дека следната година би можела да му биде последна во кариерата.

– Во моментов не сум во можност да се натпреварувам, не е можно. Ќе се обидам да се опоравам во наредните месеци, нема да одредам датум кога треба да се вратам на терените. Кога ќе бидам физички подготвен, ќе почнам од почеток. Може да се случи на крајот на годината, на пример, да играм во Дејвис купот. И да бидеме подготвени да го дочекаме стартот на следната сезона. Мислам дека тоа ќе биде мојата последна година во кариерата – изјави Рафаел Надал.

Тој подвлече дека има намера да се врати на теренот.

– Да продолжам да играм сега, нема да можам следната година. Нема да играм во следните месеци, не одам на Ролан Гарос, но мојата намера е да бидам на теренот следната година. Сакам да се повлечам од теренот, да се збогувам со оние кои ме поддржуваа – објаснува Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Надал се огласи по операцијата: Санирани две повреди, познато кога ќе се врати на теренот

Ана Ололовска

Надал нема да игра на Ролан Гарос, испаѓа од Топ 100, тврдат шпанските медиуми

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он

Надал со крвав нос избори пласман во третото коло

Мекинро му одговори на Надал: Сите знаеме што прави последните 15 години