Нема победа за Арсенал на гостувањето кај Брајтон.
Избраниците на Микел Артета не успеаја да стигнат до три бода, ремизираа 1:1 (0:1). Дури и во некои делови од натпреварот домашниот тим беше подобар и не може да се каже дека Арсенал заслужи повеќе од бод.
Арсенал поведе во 16. минута од натпреварот. Добра акција на гостите по десната страна, Мерино го „исфрли“ Енванери кој сам направи се, и погоди за 0:1.
Ethan Nwaneri fairs.. pic.twitter.com/lC2rI1A2PT
— Frank🧠🇵🇹 (fan) (@AmorimEra_) January 4, 2025
Ова беше негов втор гол во Премиер лигата, тој е единствениот во историјата на Арсенал кој се уште нема наполнето 18 години и веќе има постигнато два гола.
Без многу шанси на двете страни до крајот на полувремето.
Пенал за домашните многу брзо.
Се играше 59. минута кога Ентони Тејлор реши да покаже на белата точка, Салиба со глава го удри Жоао Педро и немаше многу дилема кај судијата, а Педро беше тој што погоди за 1:1.
📽️ – Saliba brings down Joao Pedro with his head, penalty brighton!pic.twitter.com/PnNaCp0CVW
— Football Report (@FootballReprt) January 4, 2025
Го испроба Артета Одегард наместо Жоргињо, сакаше уште поголема креативност во средниот ред, но јасно е и дека на овој тим му недостига напаѓач од светска класа, некој кој гарантира голови. А дождот им направи проблеми на играчите на двата тима, дождот стануваше се посилен.
Во основа, Арсенал со само еден бод од ова гостување не може да биде задоволен, а како што игра Ливерпул оваа сезона, јасно е кој е првиот фаворит во моментов да го земе трофејот на крајот од сезоната.