Блејк Грифин очигледно бил многу среќен што обезбедил место во кошаркарската репрезентација на САД која ќе игра на ЛОИ во Лондон.
Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, на тренингот на репрезентацијата изведе две монструозни забивања од кои второто е особено спектакуларно.
На тренингот Грифин ги воодушеви присутните, а противниците на САД сигурно овој клип со страв ќе го гледаат.