Rolls Royce го претстави своето најсилно купе, Wraith. Кога компанија како што е Rolls Royce ќе го опише својот модел како купе со високи перформанси, тогаш тоа има поголема тежина, од она кога ќе ја слушнеме истата информација од производителите на „обичните“ автомобили.
Во однос на Ghost, ова купе е нешто пократко – автомобилот е долг 5,269-милиметри, широк 1.947 милиметри и висок 1,507 милиметри.
Новото купе има 6.6 – литарски твинтурбо V12 мотор преземен од моделот Ghost, но место 570 коњски сили колку што развива кај лимузината, во оваа верзија развива дури 633 коњски сили, со максимален вртежен момент од 800 Nm.
Дополнителната сила му овозможува на 2.360 килограми тешкиот автомобил да забрза од 0-100 за 4,2 секунди, а максималната брзина на купето се уште не е соопштена. Силата се пренесува преку 8-степениот автоматски менувач, на задните тркала.